Најави се / Регистрирај се  
0
Јазик:
HBO PL 18:30
Додај аларм
ВОЛИ - poster
РежијаAndrew Stanton
СцеаристAndrew Stanton
Pete Docter
рејтинг8.4/10
жанрАнимација
Авантура
Семејство
Научна фантастика
ДржаваСАД
времетраење
Сподели на:Погледни го:

Ми се допаѓа! (31)

Број на коментари (-)

ВОЛИ

WALL·E (2008)

Актери

Fred Willard

Ваша оценка

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
(9.4/10)

Посета

9740

Содржина

Што ако човештвото е присилено да ја напушти Земјата, а некој заборави да го исклучи последниот робот? Режисерот кој е добитник на Наградата од академијата, Ендру Стентон („Барајќи го Немо“) и инвентивните раскажувачи и гении за технологија во „Пиксар Енимејшн Стјудиос“ („Спасители“, „Коли“, „Рататуи“) ги пренесуваат љубителите на филмот во не толку далечна галаксија, во нова, компјутерски анимирана космичка комедија за еден решителен робот наречен ВОЛИ. По стотици осамени години правејќи го она за што е створен, ВОЛИ (WALL - E, кратенка за Waste Allocation Load Lifter Earth-Class – Дигалка за распоредување отпад, класа – Земја) открива нова смисла во животот (поинаква од собирање дреболии), кога сретнува еден софистициран робот за извидница, наречен ИВ (EVE - Extraterrestrial Vegetation Evaluator – Проценувач за вонземска вегетација). ИВ доаѓа до сознание дека ВОЛИ несакајќи го има сретнато клучот за иднината на планетата и бргу се враќа назад во вселената за да ги каже своите сознанија на луѓето (кои нетрпеливо чекаат информација дека е безбедно да се вратат дома). Во меѓувреме, ВОЛИ ја брка ИВ низ галаксијата, создавајќи една од највозбудливите и најкреативните авантуристички комедии прикажана на екраните. При фантастичното патување на ВОЛИ низ никогаш порано замислен универзум на визии за иднината, нему му се придружува урнебесна група ликови, вклучувајќи бубашваба која е домашно милениче и херојски тим од несоодветни роботи кои имаат грешки во функционирањето. Полно со изненадувања, акција, хумор и душа, сценариото на ВОЛИ е напишано и режирано од страна на Ендру Стентон, филмот е продуциран од страна на Џим Морис, во копродукција со Линдзи Колинс, и содржи оригинален и иновативен дизајн на звукот направен од страна на добитникот на Наградата од академијата, Бен Буртон („Војна на ѕвездите“, „Индијана Џонс“, „ИТИ Вонземјанинот“).

Коментар

Само регистрираните корисници можат да додаваат коментари. Најави се или Регистрација
Претплати ме на оваа тема
Прикажи ги сите коментари (-)

maniaconanotherway

Vrlo poucan i emotivan film.

Објавено 02.03.2014
1


Реприза:
недела, 23. септември 2018
12:05 HBO PL ВОЛИ
сабота, 29. септември 2018
10:45 Sky Cinema Disney ВОЛИ
сабота, 29. септември 2018
21:00 Sky Cinema Disney ВОЛИ
недела, 30. септември 2018
08:50 Sky Cinema Disney ВОЛИ


Корисниците ги избрале филмовите


Имате прашање ?
Сугестија ?
Крикита ? :(

Ако имате било какви прашања во врска со ТВ распоред, потполнете го прашалникот. Одговорот стигнува веднаш!


Најави се

Корисничко име:
Лозинка:
Запомни ме